Братот (7) и сестрата (5) копале дупка на плажа, ПЕСОКОТ СЕ СУРНАЛ И ГО УБИЛ ДЕВОЈЧЕТО: Момчето во тешка состојба (ФОТО)

5-годишно девојче починало откако било закопано во песок додека копало дупка на плажа во Лодердејл, Флорида, а нејзиниот 7-годишен брат е во критична состојба.

Официјални лица проценуваат дека дупката била длабока околу 1,8 метри кога песокот се срушил врз двете деца, пишува Sky News.

На лице место спасувачките екипи го пронашле момчето затрупано до градите, додека девојчето било заробено под песокот.

Спасувачите користеле потпорни штици за да спречат да се сруши повеќе песок и се обиделе да ги извлечат децата со лопати.

Не е познато колку долго биле закопани децата, наведува „Скај њуз“.