Брачен пар ги фрли своите деца од 15 спрат! За нив немаше спас: Нацијата се крена на нозе а ваква казна добија родителите – монструми

Кинеските власти егзекутирале брачен пар осуден на смрт за убиство на две малолетни деца кои ги фрлиле од 15-ти кат на висококатница, јавува CNN и наведува дека студија од 2020 година покажува дека 68 отсто од Кинезите ја поддржуваат смртната казна.

Еден човек и неговата партнерка беа осудени на смрт во декември 2021 година за убиство на неговите две деца од првиот брак на особено суров начин.

Кинескиот Врховен суд им изрече најтешка казна на Чанг Бо и неговата девојка Је Ченгчен бидејќи во ноември 2020 година тие фрлија двегодишно девојче и едногодишно момче низ прозорецот од нивниот стан на 15-ти кат.

Злосторството на оваа двојка претставувало сериозен предизвик до границите на правното и моралното дно, а нивниот криминален мотив бил особено одвратен и суров, според образложението на судот, пренесува агенцијата Ксинхуа.

Веста за егзекуцијата на парот привлече стотици милиони Кинези на социјалната мрежа Веибо, а повеќе од 30.000 „лајкови“ добија коментари дека заслужуваат таква казна.

Студијата објавена во 2020 година покажува дека 68 отсто од кинеските граѓани ја поддржуваат смртната казна.