Брачен пар на лотарија освоил 24 милиони евра После тоа жената го избркала сопругот од станот

Брачен пар Кенет (77) и Кони (74) Паркер од Њујорк добија џекпот во износ од 25 милиони долари (речиси 24 милиони евра) во лотаријата. Двојката била пресреќна бидејќи со милиони можеле да исполнат многу од своите животни соништа и да им дадат нешто на своите деца. Но, тогаш сè испаднало поинаку.

Лозот го платила Кони, а парите биле уплатени само на нејзината сметка, пренесува Мирор. Штом ги добила парите на сметката го исфрлила сопругот од станот. Кони не сакала да му даде на својот сопруг ниту цент од неговите добивки на лотарија и веднаш го прекинала контактот со него.

Пред тоа имаа среќен брак

“Сигурен сум дека Кони сакаше да ме спречи да им дадам голем дел од добивката на моите деца. Имам пет деца од претходниот брак”, рекол Кенет, кој потоа се развел од сопругата и ја тужел. “Се чувствувам изневерено. Сè уште сум лут на себе што некогаш ја сакав таа жена”, разочарано додал тој.

Двајцата пред тоа имаа среќен брак. Како што вели Кенет, тие никогаш немале многу пари. Тие секогаш играле лотарија со надеж дека еден ден ќе го добијат големиот џекпот. Штом споменатиот џекпот на лотаријата беше освоен, на нивната среќа и дојде крајот.