БРАЌАТА ХОФМАН УАПСЕНИ ВО РЕСТОРАН ВО БЕЛГРАД: Се појави видео од приведувањето на браќата кик – боксери (ВИДЕО)
Браќата Љубан и Миљан Хофман Видовиќ денеска се уапсени во ресторан во Белград. Според неофицијални информации, апсењето го извршиле SBPOK и UKP по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград.
Полицајците влегле во ресторанот маскирани и вооружени, веднаш ги опколиле браќата и неколкумина мажи кои биле со нив и ги привеле.
Да потсетиме, браќата Хофман се во фокусот на јавноста последните неколку дена откако на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како малтретираат луѓе.
Браќата Хофман се наводно кик – боксери.
Видеото од апсењето можете да го погледнете ТУКА