“БРАЌА И СЕСТРИ, ПРЕСТАНЕТЕ!“ – Папата Франциско повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас

Папата Франциско повика денес на прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас и го повтори апелот за ослободување на заложниците кои ги држеше милитантната палестинска група во Појасот Газа.

Тој на неделната молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан ги повика сите страни во конфликтот да го положат оружјето, пренесува весникот The Guardian.

Прекин на огнот, ние велиме прекин на огнот. Браќа и сестри, престанете. Војната е секогаш пораз“, нагласи Папата Франциско.