Анџелина Џоли започна гласини дека навистина е во врска…
Познатата актерка минатиот викенд приреди вечерна забава во Њујорк во чест на нејзиниот одржлив моден бренд „Atelier Jolie“.
Таа за оваа пригода облекла едноставна, но елегантна комбинација од сив џемпер и широки панталони.
Само избран круг на луѓе беа на овој настан. Меѓу нив беше и тој – 40-годишниот Акала, за кој се верува дека е емотивниот партнер на познатата актерка.
Имено, Акала, кој за прв пат беше фотографиран во друштво на актерката за време на филмскиот фестивал во Венеција, и овојпат ја поддржа својата сакана.
Фотографиите останаа на мрежите, а како што пишува британскиот таблоид „Дејли мејл“, двајцата ја објавиле врската на Инстаграм.
Angelina Jolie, 49, and British rapper ‘boyfriend’ Akala, 40, go Instagram official https://t.co/kAG0AkUgJx
— Daily Mail Australia (@DailyMailAU) October 2, 2024
Извори блиски до Анџелина Џоли во една прилика за „In Touch“ изјавија дека таа се гледа со 40-годишен маж нешто повеќе од една година.
„Мислам дека фактот дека тој е добар во интеракција со нејзините деца игра голема улога во нејзината привлечност кон Акала, освен физичката, бидејќи тоа и е многу важно“, вели изворот. Тој додаде:
„Тие споделуваат страст за патување и откривање различни култури. Помина долго време откако таа не почувствува ваква страст.
Angelina Jolie with rumoured boyfriend musician Akala in Venice #angelinajolie pic.twitter.com/MidhAPhrSY
— Angelina Jolie Fan (@brangelinablog) August 29, 2024
Да потсетиме, Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година. Сепак, нивната љубовна приказна заврши само две години подоцна, поточно Анџелина поднела барање за развод од познатиот актер во 2016 година.
До денес, не се решени сите спорови меѓу двајцата , но секој тргна по својот пат.Според последните информации,
Бред Пит долго време е во врска со нутриционистката Инес де Рамон , додека Анџелина дури сега, по 8 години сингл, ја нашла својата втора љубов.