Бремена жена забележала чуден симптом па се загрижила: Не е ретко, но доколку го забележите, посетете го вашиот лекар и отстранете го сомнежот (фото/видео)

За повеќето жени бременоста е многу убав период во кој уживаат знаејќи дека наскоро ќе го донесат своето дете на свет. Меѓутоа, често се случува идните мајки да наидат на промени во телото за кои не знаеле дека се можни.

Токму тоа и’ се случи на младата мајка Карла, која на социјалната мрежа Тикток го објави својот чуден симптом на бременост и на тој начин шокираше многу припаднички на понежниот но и на посилниот пол.

Имено, Карла го замолила сопругот да и’ ја притисне кожата на ногата а кога го тргнал прстот имал што да види. Тој се вчудоневидил кога сфатил дека неговиот отпечаток од прст останал на нејзината кожа.

Иако овој симптом на прв поглед изгледа бизарно, тој не е толку невообичаен во бременоста, а како што пренесува Medical News Today, најчесто се јавува шесттиот до деветтиот месец од бременоста. Станува збор за несериозна појава која настанува затоа што вишокот на вода се акумулира во ткивата, што доведува до оток.

Многу трудници веќе наишле на отекување на нозете, глуждовите и стапалата, што е последица на овој едем. Сепак, Medical News Today советува доколку го забележите овој бизарен симптом во текот на бременоста, да се обратите на лекар бидејќи постои можност да се работи за висок крвен притисок.