БРЗА СМРТ- Анимација открива што всушност се случило со подморницата кога имплодирала (ВИДЕО)

Видеото кое покажува како изгледа експлозијата на подморницата собра стотици илјади прегледи, а многумина велат дека ова е најдоброто објаснување за тоа што им се случи на милионерите во подморницата Титан.

Спасувачите официјално објавија дека подморницата Титан „имплодирала“ откако роботите пронашле остатоци расфрлани на дното на океанот во близина на самиот Титаник.

Според National World, може да дојде до имплозија доколку некој дел од јаглеродните влакна и трупот од титаниум на подморницата претрпат мала пукнатина или дефект. Самата имплозија изгледа како меур формиран од тежината на водата.

@sincerelybootz

For educational purposes: Submarine implosion depiction #titanic #titanicexpedition #ocean #submarine #implosion

♬ original sound – Bootz

Во една анимација, објавена од корисникот @sincerelybootz, пловило што изгледа како воена подморница одеднаш се израмнува, се извртува во парче метал и потоа се расцепува, оставајќи зад себе ништо друго освен воздушни меури и шрапнели.

Поранешниот лекар на американската морнарица Дејл Мол рече дека патниците најверојатно не ни знаеле дека има проблем пред имплозијата.

„Оние кои беа во подморницата загинаа веднаш во имплозијата“, рече Дејл, додавајќи дека останувањето во подморницата би било многу полоша алтернатива.

„Можете само да замислите како би било… ладно е, ви снемува кислород. Ако веќе не можевме да ги спасиме, ова е најдоброто можно сценарио“, рекол Дејл.

Во четвртокот, американската крајбрежна стража објави дека имплозијата веднаш ги убила сите патници додека се спуштале во морските длабочини за да ги истражат остатоците од Титаник стари 111 години.