Брзината со која пишувате може да покаже дали сте изложени на ризик од Паркинсонова болест

Некои грешки и навики во пишувањето на тастатурата можат да откријат некакви промени, кои се јасен знак за оваа болест.

Истражувачите од Универзитетот Карлс Стурт во Квинсленд анализирале 76 луѓе, од кои 27 имале блага форма на Паркинсонова болест.

Брзината со која пишувале им овозможила со сигурност од 78 проценти да ја дијагностицираат благата форма на Паркинсонова болест.

Научниците се надеваат дека истражувањето ќе помогне да се создаде дијагностичка алатка, која ќе помогне во рано откривање на оваа болест.

– Идејата е да се направи одличен скрининг тест, кој ќе ни помогне да ја откриеме Паркинсоновата болест, вели авторот на истражувањето Варвик Адамс.

Потребно е да се направат и други истражувања со поголеми примероци, за да се зголемат шансите за откривање на оваа болест, пренесува Телеграфи.

Паркинсоновата болест предизвикува оштетување на делови од мозокот кои се јавуваат со текот на годините.

Симптомите се бавни движења, тремор и вкочанети мускули, додека заболените може да страдаат и од депресија, тешкотии во рамнотежата, проблеми со меморијата и спиењето.

Болеста е предизвикана од оштетување и губење на нервните клетки во мозокот, што доведува до помало ослободување на допамин. Сè уште не е јасно како настанува оштетувањето на овие клетки.

Раните знаци на болеста се и тремор на мускулите, промени во пишувањето на тастатурата кога буквите стануваат помали, додека зборовите се пишуваат густо, губење на сетилото за мирис, вкочанетост на екстремитетите при одење и движења кои траат предолго.

Поретки симптоми се запек, еректилна и сексуална дисфункција, губење на рамнотежа, несоница, зголемено производство на плунка, прекумерно потење, тешкотии при голтање и мокрење.