Доколку сте изеле јадење кое остава лош мирис во устата, овој проблем можете веднаш да го решите со помош на јогурт.
Истражувањето објавено во магазинот „Molecules“ покажало дека само една лажица јогурт после оброк може да го спречи лошиот здив.
Според истражувањето на научниците од Државниот универзитет во Охајо, природниот јогурт може да помогне да се неутрализираат соединенијата на база на сулфур кои доведуваат до непријатни мириси.
Истражувачите го тестирале ова користејќи суров лук, ставајќи го во стаклени шишиња и додавајќи различни јогурти.
јогурт и лук (Фото: Shutterstock/Klix.ba)
Тие откриле дека јогуртот е 99 отсто ефикасен во намалувањето на соединенијата во лукот, особено оние кои се богати со протеини и масти.
Затоа, грчкиот јогурт и ароматизираниот јогурт кој има поголема содржина на протеини од природниот јогурт може да биде најдобриот начин за борба против лошиот здив.
Покрај јогуртот, за да се неутрализира непријатниот мирис како брзо решение, се препорачува да се пие вода со лимон или да се изеде свежо јаболко. Исто така, истражувањата покажаа дека полномасното млеко може да ја намали концентрацијата на сулфур произведен од лукот.
За да се неутрализира непријатниот мирис за прва помош, се советува и пиење топол зелен чај, кој ќе го измие маслото од лук што останало на јазикот или забите.
Научниците исто така препорачуваат да пиете најмалку два литра вода секој ден, бидејќи ова исто така може да биде една од лесните стратегии за спречување на лошиот здив.