Дијана Мондино, новата министерка за надворешни работи на Аргентина, изјави дека нејзината земја нема да се приклучи на БРИКС.
„Нема да влеземе во БРИКС“, напиша Мондино, министерот кој го избра новоизбраниот претседател Хавиер Мајли, на мрежата Х, порано позната како Твитер.
Се чини дека овој потег ја навестува драстичната промена во надворешната политика што ќе биде воведена во Аргентина кога Мајли ќе ја преземе функцијата.
За потсетување, Аргентина е една од земјите која беше официјално поканета да се приклучи на групата БРИКС во август оваа година. Покрај Аргентина, официјална покана добија и Саудиска Арабија, Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.
Официјално: БРИКС + 6 нови земји
Групата потоа им наложи на министрите за финансии и гувернерите на централните банки да го разгледаат прашањето за локалните валути, платежни инструменти и платформи и да им пријават на лидерите на БРИКС до следното лето.
Но, новоизбраниот аргентински претседател Хавиер Милај, кој ја презема функцијата на 10 декември, за време на изборната кампања вети дека ќе ја укине централната банка и ќе го воведе доларот .
„Знам како да го искоренам ракот на инфлацијата“, рече Милај за време на последната претседателска дебата, ветувајќи реконструкција на Аргентина и „драстични промени“.
Прочитај повеќе:
Руски функционер: Овие земји не можат да се приклучат на БРИКС
Што сакаат БРИКС сепак?
No ingresaremos a los BRICS.
— Diana Mondino (@DianaMondino) November 30, 2023