Бруто-домашниот производ (БДП) на Велика Британија бележи пораст во периодот октомври – декември 2022 година, во однос на првата процена, според која воопшто не се очекуваше раст, објави Заводот за национална статистика.
Британската економија во четвртиот квартал од минатата година неочекувано се зголеми за 0,1 отсто во однос на претходниот период.
Бруто-домашниот производ (БДП) на Велика Британија бележи пораст во периодот октомври – декември 2022 година, во однос на првата процена, според која воопшто не се очекуваше раст, објави Заводот за национална статистика.
Во споредба со истиот квартал пред една година, БДП се зголеми за 0,6 отсто, многу подобро од претходната процена за раст од 0,2 отсто.
Растот на британската економија во текот на цела 2022 година е ревидиран на 4,1 отсто во однос на претходната процена од 4,0 отсто.