Британската фитнес ‘бомба’ ја откри тајната на нејзината неверојатна фигура: “Секое утро тренирам Викинг!“ (видео)
Членот на жири-комисијата на шоуто за таленти „Britain‘s Got Talent“ Аманда Холден ја откри тајната за нејзината неверојатна фигура во неодамнешното интервју за The Times. Таа призна дека „премногу ја сака храната“, но дека сепак е многу дисциплинирана и се држи до својата рутина.
Таа трча шест километри неделно, практикува јога и викиншки режим на вежбање. И покрај нејзиниот интензивен распоред за вежбање, таа вели дека не го прави тоа затоа што чувствува дека мора.
„Не сум роб на ниту еден режим на убавина или вежбање бидејќи премногу ја сакам храната. Јадам сирење и путер. Не го правам сето ова затоа што чувствувам дека морам. Работам за сопствената дисциплина и достоинство“, објасни 52-годишната Британка.
Нејзиниот режим вклучува три трчања неделно, секое по точно 36 минути, земајќи витамини Б6, Б12, Ц и Д. Вежбите таа ги објавила и споделила и на YouTube.
Таа е во популарното британско шоу веќе 17 години, а неодамна откри дека сака да работи уште една година како член на жири-комисијата.
„Ако дочекам 18 години, ќе се чувствувам привилегирана и среќна бидејќи никогаш не очекував да бидам толку долго во шоуто“, изјави Аманда. Претходно беше кажано дека Аманда и Алеша Диксон наводно одбиле да потпишат договор за новата сезона на шоуто бидејќи им било кажано дека ќе имаат иста плата како новиот член Тониоли – околу 850.000 фунти.
Зборувајќи за тоа што гледачите може да очекуваат од новата сезона, Аманда вели: „Многу смешки и забава, имаше многу работи за кои вообичаено не би помислиле дека се доволно смешни и забавни, дури и Сајмон уживаше во нив“.