Британскиот министер за одбрана изјави дека неговиот нов руски колега ќе биде марионета на Пути

Путин вчера го предложи економистот Белоусов – досега прв вицепремиер во владата, за нов министер за одбрана на местото на Сергеј Шојгу.

Иако се сметаше за близок до Путин, Шојгу привлече многу критики за начинот на кој руската војска се справува со Украина – повеќе од две години по почетокот на војната.

Шапс предвидува дека Белоусов ќе биде следната марионета на Путин.

-Под Шојгу, руската армија загуби повеќе од 355 илјади војници во Украина и предизвика масовно страдање на цивилното население за време на нејзината илегална кампања во Украина, додаде тој.