Британците ,,удрија” по Матиќ! Србинот во центарот на скандал поради изјавата за Погба: Верувал дека Немања му е пријател…
Интервјуто на поранешниот српски репрезентативец Немања Матиќ и понатаму е тема на пошироката јавност во Англија.
Интервјуто, кое трае нешто повеќе од 45 минути, беше објавено на крајот на ноември на каналот „ЈУ Планет“ на Јутјуб. Фудбалерот на Рома во него зборуваше за различни теми, а некои негови изјави добија големо внимание.
Заради зборовите за Црвена звезда, Партизан и нивните младински школи, Матиќ доби одговор од црвено-белите но и од црно-белите.
На легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил му пречело тоа што Србинот открил дека одредени фудбалери на тој клуб постојано доцнат на тренинг, па проговори во врска со тоа.
А, меѓу оние играчи кои доцнеа, Матиќ го издвои Пол Погба (30).
Според медиумите во Англија, Французинот бил повреден од зборовите на неговиот поранешен соиграч, пред сè затоа што дошле во незгоден момент.
Светскиот шампион од 2018 година со Франција моментално е во лоша ситуација. Погба наскоро би можел да ја заврши кариерата бидејќи двапати беше позитивен на допинг-тест.
Играчот од средниот ред се соочува со суспензија од четири години.
– Минатата недела Немања Матиќ ги омаловажи Погба и Џејдон Санчо затоа што доцнеле на тренинг. Ова е Матиќ кој не освои апсолутно ништо со клубот, но уште попрецизно, Матиќ за кој Погба веруваше дека е негов пријател. Коментарите, кои доаѓаат во деликатно време, го повредуваат. Извори на „Керингтон“ велат дека Погба два пати доцнел на тренинг. Сите имаа проблеми со грижата за децата, тој беше казнет и без приговор ја плати казната. Го повреди тврдењето на Матиќ дека секогаш доцнел – пишува „Дејли мејл“.