Бритни ги откри деталите од врската со холивудскиот заводник: „Беше жешко и грубо“

Бритни Спирс реши да проговори за, како што тврди, двонеделната жешка романса која ја имала со познатиот актер Колин Фарел пред многу години.

Таа ја спореди нивната афера со „улична тепачка“, пренесува TMZ.

Поп-ѕвездата напишала за врската со Колин во нејзините нови мемоари „The Woman In Me“, кои треба да бидат објавени на 24 октомври. Во новиот извадок од книгата, до кој дојде Тајм, Бритни пишува дека првпат го запознала Фарел преку промотер на клубот на сетот на неговиот филм SWAT во 2003 година.

Пејачката открива дека меѓу нив веднаш почнале да летаат искри, а средбата завршила со многу груб секс, кој го опишала како „двонеделна груба борба“, пренесува Индекс.

„Тпачка е единствениот збор за тоа – бевме сите еден над друг, се каравме толку страсно што изгледаше како улична тепачка“, се присети пејачката. Таа исто така откри дека на крајот спиела со Фарел откако тогашното момче Џастин Тимберлејк раскина со неа во 2002 година.