Поп-ѕвездата Бритни Спирс повторно се најде во центарот на вниманието откако беше снимена како опасно го вози својот автомобил низ Калифорнија, враќајќи се дома по ноќен излез.
Шокантното видео, објавено од „Дејли меил“ , ја прикажува пејачката како го напушта ресторанот додека минувачите наводно се обидуваат да ја одвратат од воланот.

Потоа Бритни направи ризично полукружно свртување со чкрипење на гумите, а камерите ја фатија како јаде зад воланот, вози премногу блиску до друг автомобил и преминува во други ленти, па дури и велосипедска лента. Во еден момент, нејзиниот црн кабриолет БМВ ја премина централната линија на патот.
Кога конечно се вратила дома, пејачката имала проблеми да влезе во дворот, според изворите.
– Таа го внесе кодот и се приближи до портата, но таа не се отвори. Го повтори ова три или четири пати – изјави изворот за Дејли Меил.
Инаку, пред да влезе во автомобилот, Бритни го привлече вниманието на гостите во ресторанот – се држеше за раце со еден маж и се шеташе низ шанкот. За излегувањето носеше жолта блуза со отворени рамена, бели шорцеви, црна шапка и сандали.
Според тврдењата на блиски извори, пејачката во последните недели „психолошки се распаѓала“ поради мемоарите на нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн , наречени „You Thought You Knew Me“, кои повторно отвориле стари рани.

Во книгата, Федерлајн изнесува низа шокантни тврдења – од наводното користење кокаин од страна на Бритни додека ги доела своите синови, до обвинувањата за изневерување со танчерката за време на нивниот краток брак. Тој, исто така, опишува инциденти во кои тврди дека пејачката станала насилна кон него и нивните синови Шон Престон (20) и Џејден (19).
Иако Федерлајн неодамна изјави дека книгата е „напишана од разбирање“ и „за да ѝ помогне“ на Бритни, пејачката реагираше остро, велејќи дека тоа е чиста заработка на нејзина сметка.
– Ако навистина сакаш некого, не му помагаш со тоа што го понижуваш – напиша Бритни Спирс на мрежата X.