Бритни Спирс открива во мемоари: Имам секс од мои 14 години, а тие ме прикажаа како вечна девица

Бритни Спирс во своите мемоари „Жената во мене“ објасни зошто била претставена на јавноста како девица кога стекнала слава.

Таа напиша дека кога нејзината кариера првпат започнала, нејзините ПР експерти сакале таа да се претстави на специфичен начин, со што таа првично се согласила.

„Вистината е дека ако си млад и сам во Холивуд и почнат да кружат гласини дека си имал/а секс, веднаш те етикетираат како курва, па затоа мојот тим ја создаде целата оваа приказна за мене“, рече таа.

Спирс истакна дека приказната нема смисла со оглед на нејзината врска со Џастин Тимберлејк.

„Бидејќи имав многу тинејџерски фанови, моите менаџери и ПР тимот долго време се обидуваа да ме прикажат како вечна девица, иако Џастин Тимберлејк и јас живеевме заедно и имав врски од мои 14 години“, напиша таа во својата книга.

Таа лажна приказна, тврди таа, ѝ предизвикала голема штета. Во еден дел од мемоарите, Спирс открила дека имала спонтан абортус за време на врската со Тимберлејк, но не отишла во болница бидејќи се плашела дека веста може да протече. Таа опиша како „плачела и врескала“ на подот од бањата бидејќи лекот ѝ предизвикувал толку многу болка и додаде дека Тимберлејк мислел дека музиката ќе ѝ помогне, па затоа донел гитара и свирел покрај неа.

По нивното раскинување, Спирс продолжи со лагите што ѝ ги наметна нејзиниот тим. Во 2003 година, таа изјави дека „дури по две години врска со Џастин имала секс за прв ат“. Сепак, во своите мемоари, таа објаснила дека имала секс од 14-годишна возраст и дека прво спиела со најдобриот пријател на нејзиниот брат Брајан.

„Зошто моите менаџери толку инсистираа дека сум некаква девица дури и во моите дваесетти години? Кого го интересира дали сум имала секс или не?“ изјави таа во книгата.

Спирс напишала дека „била претставена како вечна девица, иако тоа не било вистина“. Во поголемиот дел од својата кариера, Спирс била под нечиј надзор, а од 2008 до 2021 година била под старателство, на што се спротивставила.

Откако успеа да го одземе старателството, таа изјави дека никому не би му посакала таква болка и дека ѝ било исклучително тешко да го прифати она што ѝ го направило нејзиното семејство.