Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, оцени дека е „добра вест“ што проектот „Јадар“, или планот за експлоатација на литиум во Србија, е вклучен во списокот на стратешки важни суровини за Европската Унија во трети земји, пренесува Анадолу.
Брнабиќ нагласи дека ова ќе „обезбеди апсолутно максимално почитување на стандардите за зачувување и заштита на животната средина“.
„Тоа е добра вест. Значи, ако има слични проекти во Европската Унија, тие стандарди за заштита на животната средина ќе мора да се реплицираат во сите детали за проектот „Јадар“, бидејќи сега е стратешки проект на Европската Унија. Ова исто така покажува дека она што некои го кажуваат за Србија како европска рударска колонија не е вистина“, нагласи Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија има „стратешка суровина што ќе обезбеди до 20.000 нови работни места, бидејќи нема да го извезуваме нашиот литиум, туку ќе го користиме за подобрување на животниот стандард, подобри работни места, подобри плати, а со тоа и подобри пензии, повеќе инвестиции во Србија“.