Три лица загинаа во експлозија на брод на реката Дунав . Трагедијата се случи доцна на 23 јули на устието на Црното Море во регионот Одеса.
Според извештаите, на бродот се работело кога се случила експлозијата, при што загинале работници од Управата за морски пристаништа на Украина.
„На 23 јули, доцна навечер, се случи вонредна ситуација со брод што припаѓа на огранокот „Делта-Пилот“, се вели во соопштението на Администрацијата.
Како што наведоа, бродот бил на устието на реката Бистра извршувајќи планирани работи, со 11 членови на екипажот. Причината за експлозијата засега е непозната.
Тројца работници загинаа на самото место, додека другите беа однесени во болница, а степенот на нивните повреди е непознат.
Надлежните органи веднаш излегоа на местото на настанот за да спроведат истрага за да ги утврдат сите околности на трагедијата. Се чека извештајот од истрагата.
Управата за морски пристаништа на Украина изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и вети дека ќе им ја пружи, како и на повредените, сета потребна поддршка.
Како што наведоа, поморскиот пристапен канал до устието на Бистра беше привремено затворен за бродски сообраќај.