Бројот на деца во Македонија драстично опаѓа. Државниот завод за статистика објави анализа на населението за минатата година, а податоците се алармантни. Има рекордно низок број на живородени деца.
Во 2024 година се родени вкупно 16.153 деца, од кои 16.061 се живородени, а 92 се мртвородени. Бројот на живородени деца во 2024 година е намален за 4,0% во споредба со претходната година, односно имало 700 новороденчиња помалку отколку во 2023 година. Во споредба со 2015 година, овој број е намален за 7.000.
Од 2014 година, се забележува континуиран тренд на намалување на бројот на живородени деца во земјата. Во структурата по пол, кај живородените деца, машките деца имаат поголемо учество, имено 51,5%.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца е регистриран во јули: 1.496.
Според возраста на мајката, мнозинството, 31,8%, биле живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката во вкупниот број на раѓања била 29,7 години, а за мајките кои раѓаат за прв пат 28,2 години. Во 2024 година, регистрирани се 12 живородени деца од мајки под 15 години.
Бројот на живородени деца надвор од брак изнесувал 1.844 или 11,5% од вкупниот број на живородени деца.