Бројот на жртви во рускиот воздушен напад врз Киев се искачи на 32

– Бројот на загинати во големиот руски воздушен напад врз украинскиот главен град Киев минатата недела се искачи на 32, објавија денес локалните власти.

„Истражителите на Министерството за внатрешни работи на Украина открија уште двајца мртви“, објави на Телеграм Сергеј Попко, шефот на Воената управа на градот Киев за последиците од ракетниот напад на 29 декември 2023 година.

„Истрагата која е во тек покажа дека загинале 32 лица, а 30 се повредени“, додаде Попко.

Најмалку 40 луѓе загинаа во големите руски воздушни напади врз регионите на Киев, Дњепропетровск, Одеса, Лавов, Харков и Запорожје.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги опиша нападите како најтешките напади на Москва врз неговата земја.