БРОЈОТ НА ЖРТВИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ МОЖЕ ДА ДОСТИГНЕ 10.000 ЛУЃЕ: Страшни проценки на Американците, има шанси за нешто многу полошо (ФОТО/ВИДЕО)
Според официјалните претставници и државните медиуми, досега е потврдено дека загинале повеќе од 600 луѓе, а повеќе од 3.000 се повредени во Турција и Сирија.
Бројот на жртвите од силниот земјотрес што рано во понеделникот ја погоди јужна Турција може да достигне до 10.000 луѓе , објави Американскиот геолошки институт.
Населението во овој регион живее во објекти кои се исклучително ранливи на земјотреси, иако има и одредени отпорни објекти. Извештајот, исто така, проценува дека економските загуби најверојатно ќе бидат меѓу 1 милијарда и 10 милијарди долари, што би можело да достигне до 2 отсто од турскиот БДП, се вели во извештајот.
Според официјалните претставници и државните медиуми , досега е потврдено дека загинале повеќе од 600 луѓе, а повеќе од 3.000 се повредени во Турција и Сирија .