Бројот на мртви во Мароко расте: Разорниот земјотрес однесе повеќе од 1.300 животи, а уште 1.220 се во критична состојба
Најмалку 1.300 луѓе загинаа, а 1.832 се повредени во силниот земјотрес во петокот пред полноќ во Мароко, покажуваат најновите податоци на мароканското Министерство за внатрешни работи.
1.220 повредени лица се во критична состојба, се вели во соопштението.
Се очекува бројот на загинати да се зголеми.
Спасувачите денеска се борат да стигнат до тешко погодените оддалечени области каде што се затрупани луѓе.
Синоќешниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер беше најсилниот во Мароко во последните 120 години. Епицентарот бил во близина на планината Висок Атлас, каде што тешко се стигнуваат до селата, а не се знае како стојат работите таму бидејќи комуникациите се прекинати.
Досега помош на Мароко му понудија властите на Србија, Турција, САД, Кина, Индија, Велика Британија, ЕУ и Германија.
Сепак, мароканската влада сè уште официјално не побарала помош, што е неопходен чекор за да се испрати помош.
Мароканскиот крал Мохамед Шести и’ нареди на армијата да испрати воздушни и копнени сили, специјализирани тимови за пребарување и спасување и хируршка теренска болница, се вели во соопштението на армијата.