БРУТАЛЕН ВЕРСКИ ОБИЧАЈ! Страдање во име на верата: Крвави улици, врисоци, камшикување – погледнете ги вознемирувачките сцени од оваа необична христијанска традиција (фото)

Десетици мажи со круни од трњa на главите и крпи кои им ги покриваат лицата, шетаат боси низ улиците на еден мал град и се камшикуваат по грбот со стапчиња од бамбус по патот. Крвта тече по нивните грбови, им ги натопува панталоните и прска врз посматрачите кои стојат покрај патот.

Некои од мажите намерно паѓаат на земја за да можат дополнително да бидат претепани со влечки и парчиња дрво.

Кога крвта ќе престане да тече од отворените рани, нивната кожа е прободена со жилети или парчиња стакло закачени на дрвени стапчиња, пишува Daily Mail.

Верски обијач во Пампанга, Филипини

Го правам ова за моето семејство за да биде здраво“, изјавил Дарен Пасквал (31 г.) по камшикувањето, што е само увертира за главниот настан и додал: „Треба само да се молите и тогаш нема да чувствувате болка“.

Во последниот чин од оваа претстава, тројца мажи се предводени од „актери“ облечени како римски војници до еден рид каде двајца од нив се врзани за голем дрвен крст.

Оваа година, честа да го „игра“ Исус Христос му припадна на Вилфредо Салвадор, низок и лут рибар. Навистина го приковуваат на крстот, кој потоа го исправаат. Околу неговата глава лета дрон кој ја снима целата сцена, а наоколу има туристи кои исто така го сликаат и го снимаат целиот настан.

Вилфредо Салвадор

По неколку минути му ги вадат клинците од дланките и стапалата на Салвадор и го спуштаат на земја. Потоа на носилки го носат на преглед до медицинскиот шатор, пред да му дозволат да си оди дома.

Господ ми дава физичка сила за разлика од другите кои не можат да ја поднесат“, изјавил Салвадор (66 г.), кој прв пат почнал да учествува во овие распнувања пред 15 години, откако доживеал ментален слом.

Она што ќе го направам е мој избор. Му благодарам на Бога што ми даде втор живот“, вели тој.

Овој спектакл со децении се изведува во селата околу Сан Фернандо на Филипините, иако традицијата накратко беше прекината за време на пандемијата.

Здравствените работници ги предупредуваат учесниците дека ризикуваат да добијат тетанус и други инфекции.

Повеќе од јасно е дека распнувањето на Христос е повеќе од доволно за да се спаси човештвото од гревот“, вели пречесниот Џером Сецилано, секретар на канцеларијата за односи со јавноста на католиците на Филипините.

Ако сакаш да ти бидат простени гревовите, оди на исповед“, додава тој.

Верски обијач во Пампанга, Филипини

Оваа традиција има свои корени во драмата за Исус Христос напишана од локален автор во 1950-тите години, а тоа доведе до првото распнување во 1962 година.

Оттогаш, обичајот се претвори во визуелно многу импресивен верски фестивал кој секоја година привлекува илјадници туристи во оваа силно католичка земја.

Распнувања претежно се случуваат во провинцијата Пампанга.

Рубен Енаје (62 г.), кој во текот на годините бил распнат повеќе од 30 пати, вели дека ќе се врати следната година ако му е добро здравјето.

Се чувствувам добро, моите грижи исчезнаа, исто како и моите стравови“, вели Енаје, чии раце и нозе се покриени со завои откако го „играше“ Исус Христос во селото Сан Педро.

Исто така и многу странски туристи доаѓаат да го видат настанот секоја година. Еден од нив е и Милан Достал (43 г.) од Чешка.

За мене ова е исклучително искуство и можност да видам една навистина уникатна традиција. Го почитувам тоа, имам отворен ум“, вели Достал.

Верски обијач во Пампанга, Филипини