Ивана Стаменковиќ Синди, иако одамна престана да пее, постојано е во центарот на вниманието на балканската јавност поради својот беспрекорен изглед. Таа ги „мина“ четириесеттите и сè уште изгледа подобро од двојно постарите пејачки и убавиците на Инстаграм кои често и’ оставаат позитивни коментари за нејзината облека и шминка.
Синди сега на споменатата социјална мрежа споделила видео од лифтот каде ја гледаме подготвена за излегување. На сликите како влегува во лифт гледаме дека носи проѕирно здолниште под кое се гледа црна долна облека, но и проѕирен градник! Ивана сподели фотографија на која се хледа дека таа вечер не излегла сама.
Во подоцнежните објави на убавата „манекенка“ гледаме дека нејзиниот партнер бил со неа, но и дека заедно поминале време на прослава со пријателите. Секако, „падна“ и слика од Ивана и во центарот на градот…