Бруталната бринета и Роналдо правеа сè и сешто, тогаш се појави и нивната мајка! Кристијано и оваа бомба немаа срам (ФОТО)
Пред да започне врска со Георгина Родригез, Кристијано Роналдо имал голем број девојки, меѓу кои и една од најпознатите манекенки во светот, Русинката Ирина Шајк.
Ирина и Кристијано беа во врска пет години во периодот кога Португалецот настапуваше за Реал Мадрид.
За време на нивната врска, двајцата разменуваа нежности на секој јавен настан на кој се појавуваа. Не се грижеа за мислењето на другите и не ги криеле своите страсти иако знаеле дека сите ги гледаат.
За тоа сведочат бројни фотографии:
Работите меѓу парот наеднаш се влошија поради лошиот однос на Русинката со мајката на Роналдо, Долорес.
Британските медиуми пишуваа дека Ирина и Долорес никогаш не се согласувале. Ирина одби да се појави на 60-тиот роденден на мајката на Роналд, што многу го налути Кристијано.
,,Кристијано сакаше да ја изненади својата мајка, поради што и’ предложи на Ирина за време на нивниот одмор во Дубаи да ја посетат заедно. Сепак, тоа не и’ се допадна на Ирина а тој гест ја навреди Долорес. Роналдо застана во одбрана на својата мајка. Сепак , тоа беше „последната капка”, бидејќи двајцата не се согласуваа добро во последните неколку месеци“, изјави тогаш неименуван извор за британските медиуми.
На Ирина и’ пречеше тоа што Роналдо секогаш на прво место ја ставаше својата мајка, а не неа. Доказ дека тие двајца навистина не се согласуваа беше последната посета на мајката на Роналдо во Мадрид. Додека Долорес спиела во куќата на Роналд, Ирина била во хотелот.
,,Долорес мисли дека Ирина не е вистинската за нејзиниот син. Таа сака избраничката на Роналдо да биде жена која ќе се грижи за Кристијано”, рекол изворот.