Обожавателите на Бијонсе се тепаа брутално на отворањето на концертната турнеја на поп-ѕвездата во Лос Анџелес.
Брутална тепачка го засени она што многумина го сметаа за феноменален концерт на Бијонсе.
Видеото, достапно од TMZ, а подоцна објавено на социјалната мрежа X, прикажува група жени како се расправаат, пред да се пресретнат физички во ВИП делот на стадионот SoFi.
Жените се туркале една со друга, додека неколку луѓе се обидувале да интервенираат.
A bunch of #Beyoncé‘s fans started brawling in the VIP lounge after her first #CowboyCarter show! Watch the full SHOCKING video: https://t.co/W5zdFRA7AB
— TMZ (@TMZ) April 29, 2025
🎥: Brian Prahl/Aurora/Splash News pic.twitter.com/BIGgummYo7
Завршија на подот, и имаше малку влечење и удирање.
Сè се случи по концертот, а инцидентот фрли сенка врз целиот спектакл.
На крајот, еден непознат маж се втурна да ги раздели разбеснетите жени.
„Уште една претстава по онаа на Бијонсе“, се пошегува еден маж во позадина.