Брутално убиен продавач! Искрварил на скалите пред станот! Син на мафијаш (16) го искасапил соседот со нож поради шлаканица! (ВИДЕО)

Италијанската полиција денеска го уапсила шеснаесетгодишниот син на мафијашки бос од Сиракуза поради сомнение дека по расправија со нож избодел сосед.

Тепачкатс меѓу малолетник и продавач на овошје и зеленчук Кристијан Реџина (40) се случила на локален пазар. Дошло до расправија меѓу жртвата и роднината на обвинетиот, пишуваат италијанските медиуми.

Кристијан во понеделникот на 9 декември околу 23 часот бил избоден со нож на скалите од зградата во која живеел.

По злосторството убиецот побегнал, но неколку часа подоцна се предал. Малолетникот го признал делото и му е одредена мерка притвор.

Кристијан бил пронајден како лежи на скалите, со убодна рана во градите од која искрварил до смрт за неколку минути. Според првите резултати од истрагата, убиството се случило како резултат на расправија меѓу малолетникот и жртвата.

На малолетникот не му се допаднало начинот на кој соседот му се обраќал на роднината и се вклучил во расправијата, по што четириесетгодишникот му удрил шлаканица. Тинејџерот тогаш решил да се одмазди, отишол во својот стан, земал нож и го прободел на скалите.

Кристијан живеел во работничка населба на северот на Сиракуза и бил познат по својата работа на градскиот пазар за овошје и зеленчук. Работел и како сликар и имал мало дете.

Убиецот во полиција изјавил дека жртвата во моментот на убиството била во алкохолизирана состојба. Тој е префрлен во малолетнички притвор додека полицијата ја продолжува истрагата.