Бубевски: Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а потоа зависи од прибраниот доказен материјал
Дојавите за бомби на почеток се водат како тероризам, а како ќе се диференцира е во зависност од прибраниот доказен материјал. Нема разногласие, едноставно така се движи постапката, изјави претседателот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски.
Одговарајќи на новинарско прашања, дали дојавите за бомби се тероризам или не, Бубевски посочи дека на почеток се водат како најсериозна закана, а во зависност од дејствијата се пренасочуваат во лажни пријави или нешто друго.
– Врз основа на тоа што ќе произлезе во текот на постапката, се пренасочуваат или во дејствија на лажни пријавувања или во нешто друго. Но, на почетокот сето тоа почнува како најсериозно, како загрозување на витални интереси на државата, односно почнува како тероризам, изјави Бубевски.