БУГАРИТЕ СЕ НОВИТЕ “МИЛЕНИЦИ“ НА ВЛАДИМИР ПУТИН НА БАЛКАНОТ – Србите и Унгарците бесни: “Ова е непријателски потег!“

На почетокот на оваа година Бугарија склучи договор за гас со Турција. Тогаш државната компанија Bulgargaz, како дел од договорот, се согласи на својот турски партнер, компанијата Botaş, да му обезбеди пристап до бугарските гасоводи. Во согласност со правната рамка создадена со тој пакт, Botaş објави и серија договори за снабдување со гас со унгарската MVM, романската OMV Petrom и молдавската East Energy Gas Trading.

Експертите веднаш предупредија дека овој договор де факто им ги обезбедува на Русите сите услови да станат доминантен снабдувач на гас за Југоисточна Европа и Западен Балкан.

Сиот тој гас за Бугарија речиси сигурно доаѓа од Русија, бидејќи таа ја снабдува Турција преку подморските гасоводи – Туркстрим“, вели за PoliticoАура Сабадуш, висок аналитичар во компанијата за истражување на пазарот ICIS.

Затоа, новата бугарска Влада минатиот месец објави дека ќе воведе данок за целиот увоз на руски гас. Пораката е дизајнирана со јасна цел; јавно и јасно да му покаже наклоност на Западот во борбата против Владимир Путин.

Ваквиот потег го налути прорускиот претседател на БугаријаРумен Радев, кој веднаш побара од највисокиот суд во земјата да ја разгледа законитоста на одлуката за рускиот гас.

слика
Румен Радев и Владимир Путин

Не се обидуваме да освојуваме политички поени. Политиката на владејачката партија е да се стави крај на зависноста на нашата индустрија од гориво од Русија“, одговори бугарскиот министер за финансии Асен Василев и додаде дека новите бугарски потези „драстично“ ќе го намалат рускиот профит од гасот.

Асен Василев тврди дека Бугарија може да ги наплати таксите што ги сака, додека, како што вели, Gazprom, рускиот енергетски гигант може слободно да користи алтернативни патишта за испорака доколку не сака да плаќа бугарски државни даноци. Сепак, Politico предупредува дека суровиот однос на Бугарија кон Русија може да биде само вештачки по природа.

Иако ‘турскиот’ гас би можел да доаѓа од Иран, Азербејџан или од течен природен гас, нема друг производител освен Москва што би можел да го продава по ниските цени во моментов на бугарската берза за гас, кои се значително пониски во споредба со европските референтни цени“, објаснува Аура Сабадуш.

Тој тврди дека со технички прилагодувања турско-бугарскиот гасовод може да преработи до 10 милијарди кубни метри гас, што значи дека Москва би можела да има ресурси да ја задоволи целата побарувачка во Југоисточна Европа и Западен Балкан.

Русија на тој начин ќе ја преземе контролата врз регионот“, предупреди Аура Сабадуш.

Виталиј Септефрат, технички директор на молдавската компанија East Energy Gas Trading, вели дека нема „политички ризици“ во „чисто бизнис-ориентираниот договор“ кој има за цел да и помогне на Молдавија да престане да се потпира на „рускиот гас“.

Министерството за енергетика на Романија соопшти дека OMV Petrom „официјално ја уверила“ Владата дека гасот од Botaş не е од „руско потекло“.

Владата на Бугарија признала дека администрацијата што ја пратиле не требало да потпише таков договор и била покрената истрага. Но, проблемот е што рацете на бугарските политичари ќе останат врзани дури и ако се докаже дека гасот е од руско потекло. Доколку се откажат од потпишаниот договор ќе треба да плаќаат казна од 2 милијарди евра годишно.

Бугарските соседи, Србија и Унгарија, кои не одговорија на повиците на Западот да се откажат од рускиот гас, сега се загрижени поради сценариото според кое планот на Софија ќе резултира со повисоки сметки за нивните потрошувачи. Двете земји со заедничка изјава веднаш ја осудија Бугарија.

Андраш Ѓурк, член на Европскиот парламент од унгарската владејачка партија Фидес, вели дека одлуката на Бугарија ја поткопува безбедноста на снабдувањето на земјите-членки на ЕУ, предупредувајќи дека 55 отсто од увозот на гас што минува низ Бугарија во Југоисточна Европа може да биде загрозен, предизвикувајќи ценовен скок во пресрет на зимата. Тој потегот на Бугарија го нарече непријателски.

Претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, изјави дека овој потег е голем проблем, бидејќи може да ја зголеми цената на гасот за дополнителни 100 евра за секои илјада кубни метри. Инаку, српско-бугарскиот гасен интерконектор, со капацитет од 1,8 милијарди кубни, е во завршна фаза и треба да и овозможи на Србија да добие гас од Азербејџан и од терминалот ЛНГ во Александропулос, Грција.