БУГАРИЈА ВО ‘НОВА’ ПОЛИТИЧКА КРИЗА – Румен Радев: “Кога ќе пропадне првиот мандат, секој нареден значи уште потешки компромиси“
„Кога првиот мандат нема да успее, секој нареден значи уште потешки, а понекогаш и тешки за објаснување, компромиси и ризици за општеството“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев откако кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, на претседателот на државата му го врати неисполнетиот мандат за формирање Влада.
„Патот по кој тргнавте бара многу интензивна работа и пред сè интензивна комуникација пред бугарското општество“, ѝ кажа на Марија Габриел претседателот на бугарската држава. Во следните неколку дена Румен Радев ќе го врачи вториот истражувачки мандат за формирање Влада на Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија.
Румен Радев повторно ги повика партиите во парламентот да не го одложуваат усвојувањето на буџетот за оваа година и важните закони, „бидејќи бугарските граѓани ги очекуваат и се исклучително важни за државата“.