Бугарија го претстави планот за Коридорот 8 пред амбасадорите на ЕУ и НАТО: Очекуваме одговор од Скопје

Бугарија е целосно подготвена да потпише договор со Република Северна Македонија и што поскоро да започне со копање на граничниот железнички тунел, изјави бугарскиот министер за транспорт и врски Гроздан Караџов, кој заедно со министерот за регионален развој и јавни работи Иван Иванов и министерот за одбрана Атанас Запријанов ги презентираа плановите за развој на Коридор 8 пред амбасадорите на ЕУ и НАТО.

На настанот учествуваа и претставници на Европската комисија, Националното претпријатие за железничка инфраструктура и Агенцијата за патна инфраструктура, јавува „БГНЕС“.

Вицепремиерот Караџо даде детални информации за железничките проекти на бугарска територија долж Коридорот 8 и нагласи дека прекуграничниот тунел меѓу Бугарија и Северна Македонија не е само физичка врска меѓу двете земји, туку и можност за непречено движење од Јадранот до Црното Море.

„Очекуваме одговори и коментари од Скопје за предложениот договор за да закажеме експертска средба на која ќе се разговара за ова“, нагласи Караџов.

Тој изрази подготвеност доколку Македонија нема забелешки на документот, тогаш веднаш ќе се организира неговото потпишување. Според него, Бугарија може веднаш да започне со изградба на делот од Ѓуешево до границата во должина од 2,4 километри што недостасува, но прво мора да се изгради објектот на тунелот.