– Бугарија и Романија денеска и официјално се вклучени во Шенген зоната на Европската Унија (ЕУ) за патување без виза.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа Х објави дека Бугарија и Романија се приклучиле на Шенген зоната и дека од денеска се укинати воздушните и поморските гранични контроли на тие држави.
Фон дер Лајен наведе дека тоа ќе биде од корист за милиони граѓани на ЕУ и ќе го зајакне Шенгенскиот простор.
Илва Јохансон, членката на Комисијата на ЕУ задолжена за внатрешни работи, соопшти дека во следната фаза ќе се укинат контролите на копнените граници, за што ќе се разговара во преговорите на земјите членки во текот на целата година.
Романија и Бугарија станаа членки на Европската Унија во 2007 година.
Австрија долго време се противеше на вклучувањето на овие две земји во Шенген, поради загриженоста дека нерегуларната миграција може да се зголеми. Договорот беше постигнат на крајот на минатата година.