БУГАРИЈА ПРОДОЛЖУВА ДА ЈА ПРОВОЦИРА РУСИЈА – Марија Захарова овој пат не бираше зборови: “Може ли уште да се дише оваа земја ?“

„Во Бугарија на Русинките не им е дозволено да даваат интервјуа или да го преминуваат воздушниот простор“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, откако бугарскиот национален радио совет го забрани емитувањето на интервјуто со рускиот амбасадор во Софија.

Може ли уште да се дише во Бугарија ?“, прашува Марија Захарова

Советот на бугарското национално радио одлучи да не го емитува интервјуто на руската амбасадорка Елеонора Митрофанова од денешната емисија „Политички Некорект“, објави руската амбасада на социјалната мрежа Телеграм.

Софија претходно одби да го отвори својот воздушен простор за авионот на првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров во случај Марија Захарова да биде во него, па рускиот авион за Скопје на состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ полета преку Грција, а не преку Бугарија, како што беше првично планирано.