ФОТО | СНЕГОТ ЈА БЛОКИРАШЕ МАЛЕШЕВИЈАТА – Општината информира дека патот до Беровско Езеро е прооден, а патот Берово – Струмица се уште е непрооден

Патот до Беровско Езеро е прооден и исчистен од екипи на Територијалната противпожарна единица од Берово и од ЈП „Македонија пат“, информираа од Општина Берово, откако снежните врнежи ,,парализираа” дел од патните правци во Малешевијата. 

Оттаму додаваат дека до туристичката населба Абланица е проооден пола пат, а тим на „Македонија пат“ се уште работи на отстранување на паднатите дрвја на патниот правец БеровоСтрумица.

Апелираме или поточно препорачуваме возачите да ги одложат предвидените движења на овој патен правец“, истакнаа од Општина Берово.

Слична е состојбата и до Беровско Езеро каде, според информациите на локалната самоуправа, патот е чист до хотелот „ВИП“.

Напоменаа дека дежурни екипи ќе останат на терен до целосно нормализирање на состојбата.