Најмалку 25 загинати и 50 повредени во пожар во деловна зграда во Кина

  Најмалку 25 луѓе загинаа во пожар во деловна зграда на компанијата за јаглен Јонгју во северната кинеска провинција Шанси, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Пожарот избувнал утринава во 06:50 часот по локално време во четирикатната административна зграда на Јонгју во градот Шанси.

Кинеската државна телевизија јави дека најмалку 50 луѓе се повредени во пожарот.