Бугарија: Се очекува средба на премиерот Галаб Донев, министерот Иван Демерџиев и претставници на безбедносните служби по вчерашниот обид за атентат врз главниот обвинител
Се очекува бугарскиот премиер Галаб Донев денеска да свика состанок во Советот на министри, на кој ќе учествува министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и обвинителството, јави БТА.
Повод за средбата е експлозивната направа што вчера експлодирала во близина на автомобилот и колоната на главниот обвинител Иван Гешев додека се движела на пат кон Самоков. Во инцидентот нема повредени.
Формиран е штаб, а министерот Иван Демерџиев е во контакт со сите и е информиран за дејствијата што се преземаат, изјави Петар Тодоров, главен секретар во бугарското МВР. Во штабот се вклучени сите структури на Министерството за внатрешни работи, како и претставници на Националната служба за безбедност и Службата за национална безбедност.
Експлозија одекна вчера попладнето на пат во момент кога автомобилот на главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев и неговата колона се движела на патот од Самоков кон Софија.
– Главниот обвинител бил цел на убиство, изјави заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов. Тој нагласи дека не станува збор за заплашување, туку за оби за атентат.
Сарафов извести дека…дошло до екстремно силна експлозија и дека од експлозијата е формиран кратер со длабочина од 30-40 см и дијаметар од близу 3 метри.
-Експлозивната направа очигледно била наменета да убие. Не била со намера да заплаши, рече заменик-јавниот обвинител. Во моментов, покренатата постапка од Кривичниот законик за терористички чин, рече Сарафов.