Бугарскиот министер Тагарев: Бугарската армија има 20 отсто недостиг од персонал

– Бугарската армија има недостиг на персонал од 20 отсто, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев, надевајќи се дека годинашното зголемување на платите ќе помогне да се зголеми интересот за служење во војската, објави државната новинска агенција БТА.

„Успеавме да ги зголемиме платите на војската оваа година. Се надевам дека оваа мерка ќе помогне да се зголеми интересот за служење војска, но нема да биде доволно и треба да се размислува за покомплексно решение“, изјави Тагарев за новинарите во Софија по вчерашната церемонија на доделување дипломи во Колеџот за национална одбрана „Раковски“.

Во март Министерството за одбрана објави дека демографската криза и зголемените плати во приватниот сектор довеле до недоволен персонал во редовите на војската.

– Бугарската армија има недостиг на персонал од 20 отсто, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев, надевајќи се дека годинашното зголемување на платите ќе помогне да се зголеми интересот за служење во војската, објави државната новинска агенција БТА, пренесува Анадолу.

„Успеавме да ги зголемиме платите на војската оваа година. Се надевам дека оваа мерка ќе помогне да се зголеми интересот за служење војска, но нема да биде доволно и треба да се размислува за покомплексно решение“, изјави Тагарев за новинарите во Софија по вчерашната церемонија на доделување дипломи во Колеџот за национална одбрана „Раковски“.

Во март Министерството за одбрана објави дека демографската криза и зголемените плати во приватниот сектор довеле до недоволен персонал во редовите на војската.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, во меѓувреме потпиша Уредба за закажување на изборите за градоначалници и општински советници за 29 октомври.