Бугарскиот пратеник Ангел Георгиев од партијата Преродба, на Фејсбук објави снимка за која тврди дека е инцидент . На снимката се гледа дека иако македонските полицајци на граничниот премин Деве Баир се обидуваат да ги запрат, бигарските државјани се обидуваат да ги нападнат полицајците .
И покрај предупрдувањата георгиев и останатите се приближуваат кон полицајците и им викаат. Нивната реакција е дека нивни сограѓани претходно се приведени во просториите на полицијата на граничниот премин Деве Баир.
По прекинот на работата на граничниот систем, од 13 часот се пропуштаат сите оние кои сакаат да влезат во Македонија а не се проценети дека се закана за безбедноста.