БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Минатата година постигна договор со коалициониот партнер за заминување и предавање на функцијата
Бугарскиот премиер Николај Денков поднесе оставка, отворајќи го патот на неговиот коалициски партнер, централно-десничарската партија ГЕРБ, да ја води владата, во согласност со договорот постигнат по минатогодишните избори.
Партијата ГЕРБ и прозападниот блок на кој припаѓа Денков минатата година потпишаа договор според кој министерката за надворешни работи и поранешна еврокомесарка Марија Габриел ќе ја преземе премиерската функција откако Денков ќе го заврши својот деветмесечен мандат, пренесува Ројтерс.
Бугарската агенција БТА јави дека оставката на Денков ќе биде проследена до парламентот, но не прецизираше кога Габриелова ќе положи заклетва.
Весникот „Софија глоуб“ предупреди дека и покрај договорот, коалицијата може да се распадне поради спор меѓу коалициските партнери за понатамошни чекори по оставката на Денков.
ГЕРБ инсистира Габриела да ја задржи функцијата министер за надворешни работи покрај премиерската позиција и предлага ротација на секои 15 наместо девет месеци, но преговорите за овие прашања се уште траат.
Се очекува двете страни до петок да објават дали постигнале договор.