Бугарски академик: Вајц мора да ги докаже тврдењата за закана или ќе биде прогласен за виновен за клевета

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, вчера откри дека против него се води остра кампања и дека добивал закани со смрт.

Бугарскиот академик Спас Ташев реагираше на тврдењата на Вајц. Тој вели дека Вајц мора да ги докаже тврдењата што ги изнесе во интервјуто.

„Мислам дека е време да се испрати извештај до Канцеларијата на европскиот јавен обвинител во врска со однесувањето на Томас Вајц! Или извештајот треба да оди во друга европска институција?“

Вајц мора или да ги докаже своите тврдења или да биде прогласен за клеветник и за српски претставник.

Го зачував видеото за да не „исчезне“!

„Дали некој адвокат со познавање на правото на ЕУ би бил спремен да ни помогне да покренеме таква постапка?“, пишува тој.