Бугарски министер: Над 216.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Македонија

Над 216 илјади бугарски пасоши се издадени на граѓани на Република Северна Македонија, објави бугарскиот министер за внатрешни работи Даниел Митов, објави БГНЕС.

„Во периодот од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, издадени се 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои има информации за второ државјанство на Република Северна Македонија“, изјави министерот за внатрешни работи.

Во овој поглед, тој нагласи дека основата за издавање бугарски пасош произлегува од стекнувањето бугарско државјанство од страна на поединци, со оглед на тоа што според Законот за лични документи на Бугарија, пасош се издава само на бугарски државјани.