– Тренерот на Милвоки, Мајк Буденхолцер, проговори за можното враќање на терените на првата ѕвезда на тимот Јанис Адетокунбо.
Милвоки по три натпревари во првото коло од НБА плејофот губи од Мјами со 2:1.
– Ќе продолжиме да го следиме во следните 24 часа… Се надеваме на најдоброто, изјави Буденхолцер за „Атлетик“.
Гркот заработи повреда на долниот дел од грбот во првиот натпревар од плејоф серијата со Мајами.
Милвоки заврши на првото место во Источната конференција со 58 победи и 24 порази.