Бурата Даниел ја зеде третата жртва во Грција: На човек го повлече поројот и го прегазил автомобил во матната вода

Најмалку три лица загинаа во силното невреме што ја зафати Грција, соопшти противпожарната служба.

Еден постар маж е пронајден мртов во областа Елинопиргос во Кардика, со што стана трета жртва на бурата Даниел во Грција.

Поточно, 82-годишен маж бил извлечен во бессознание откако бил прегазен од возило. Несреќниот човек е исчезнат откако излегол од својата куќа и го однела поројната вода.

На терен излегле осум пожарникари со три возила.