БУРА ВО ХРВАТСКА ПОРАДИ МИЛАНОВИЌ: Се кандидирал за премиер, но нема да поднесе оставка од претседателската функција

Шокантната одлука дека претседателот на Републиката Зоран Милановиќ ќе биде носител на изборната листа на СДП на претстојните парламентарни избори во Хрватска, во среда, на 17 април, а кандидатот за премиер предизвика бројни реакции.

Опозицискиот пратеник Бојан Главашевиќ на социјалните мрежи кусо го коментирал изборот на Милановиќ со порака: „Андреј Пленковиќ е готов“

Лидерот на СДП Пеѓа Грбин на прес-конференцијата најави дека Милановиќ ќе биде носител на изборната листа во Првата изборна единица и кандидат за премиер.

Оваа информација дојде само неколку часа откако Милановиќ најави дека парламентарните избори ќе се одржат на 17 април , што исто така предизвика бројни коментари со оглед на тоа дека е работен ден.

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека Милановиќ излегол од плакарот.

-Тој полета, така се вели, но мислам дека тоа нема многу да и помогне на опозицијата. Милановиќ заклучи дека опозицијата не може без него, што веројатно е точно, но не сум сигурен колку можат со него. Сосема сум сигурен дека тоа ги прекршува неговите обврски како претседател на државата . Ќе беше коректно да го направеше тоа со поднесување оставка – изјави Пуховски за загрепската Н1 телевизија.

Состојба во која претседателот на Републиката прво донесува одлука за одржување избори, а потоа најавува дека ќе учествува на нив. Пуховски коментираше дека сака да биде и судија и играч во исто време“.