Бујар Османи: Никола Груевски е добро да се врати во Македонија

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, во неделата изјави дека пребегнатиот поранешен премиер Никола Груевски е добро да се врати во Македонија од Унгарија, бидејќи според Османи, тој е човек кој знае многу за земја, но се наоѓа во друга земја.

„Од политичка гледна точка, тоа е прашање, кое знам дека ќе биде злоупотребено, но од безбедносен аспект, воопшто не е паметно во рацете на друга држава да е човек кој бил премиер на десет години и кој ги поседува сите државни информации“, изјави Османи за Телевизија 21.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски побегна во Унгарија во 2018 година, откако беше кривично гонет од македонските правосудни органи за злоупотреба на службената положба.

Тој е осуден на 14 години затвор за шест кривични дела, додека уште неколку процеси се уште се во тек.

„Добро е тој да е тука и да се занимава со судската постапка против него. Ова би било најдоброто решение“, изјави Османи.

Неговата изјава доаѓа токму во моментот кога македонската и албанската опозиција ги обвинија партиите на власт, Социјалдемократската партија на премиерот Димитар Ковачевси и Демократската унија за интеграција , предводена од Али Ахмети дека „работат за враќање на поранешниот премиер Груевски дека потоа ја дели ВМРО ДПМНЕ и ги обезбедува гласовите за уставните измени“.

Албанската опозиција го оцени како смешно образложението на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е и потпретседател на ДУИ.

„Објаснувањето на Осман е смешно. Груевски имаше доволно време ако сака да му ги даде информациите“, изјави Изет Меџити.

Тој јавно го праша Османи дали го посетил Груевски во Будимпешта и дали се подготвуваат да го вратат Груевски во Скопје на 23 октомври на денот на ВМРО.

Тврдењата за „амнестија“ на Никола Груевски ги отфрли СДСМ.

„Никола Груевски ќе ја одлежи затворската казна во моментот кога ќе влезе во Македонија, врз основа на правосилните одлуки на локалните судови“, изјави портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Македонија е во политичка криза, а ризикува да заглави во процесот на европска интеграција доколку не ги одобри уставните измени за вклучување на бугарското малцинство во преамбулата, како државотворен народ.

Парламентарното мнозинство не успеа да обезбеди две третини или 80 од 120 гласови на пратениците во Собранието, па бара начини да ја обезбеди поддршката од македонската опозиција.