Бујар Османи: Очекувам наскоро да бидат поднесени уставните амандмани

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва изјави дека се прават финалните подготовки на уставните измени и дека очекувањата се тие наскоро да бидат доставени до Собранието.

Се прават последните подготовки. Очекувам ова да биде наскоро. Времето е одредено да биде соодветно, имено да се помогне во дебатата и дискусијата. Мислам дека самата презентација ќе биде важен момент затоа што очекувам тогаш да имаме суштинска дебата за содржината на амандманите“, изјави вечерва за Канал 5 министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Според него, многу е важно во овој момент Владата да ги испрати амандманите и Владата да започне расправа за содржината на амандманите.

Она што сега го гледаме во однос на уставните измени, според него, е партиска политика. Османи вели дека граѓаните не ја знаат суштината на содржината на уставните измени.

„Ние правиме напори за јавното мислење. Верувајте ни. Граѓаните се изненадени кога ќе се соочат со текстот. Повеќето се изненадени што е сосема поинаку од она што го слушаат на телевизија“, рече Османи.