ВАГНЕР САКА ДА ГО НАПАДНЕ СРЦЕТО НА ЕВРОПА – НАТО влегува во директен конфликт со Русија !? Премиерот на Полска го шокираше светот: “Ситуацијата е пред ескалација!“
„Борците на групата Вагнер лоцирана во Белорусија би можеле да се претстават како мигранти и да влезат во Европската унија“, предупреди претходниот ден премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки.
Тој тврди дека платениците може да се претставуваат како белоруски граничари за да им помогнат на мигрантите да влезат во ЕУ или дури да се претставуваат како мигранти и да влезат во Унијата.
„Сега ситуацијата станува уште поопасна“, кажа тој на прес-конференција за време на посетата на фабриката за оружје во Гливице во јужна Полска.
„Ова е секако чекор напред кон иден хибриден напад на полска територија“, додаде тој.
Неколку илјади борци на Вагнер преминаа во Белорусија по краткотрајниот бунт против Кремљ во јуни. Ним им беше понуден избор да се приклучат на редовната руска Армија или да одат во Белорусија, близок сојузник на Русија.
Во четвртокот, полскиот министер за внатрешни работи соопшти дека Полска, Литванија и Летонија би можеле заеднички да ги затворат границите со Белорусија доколку има инциденти со групата Вагнер долж нивните граници.
Минатиот викенд белорускиот претседател Александар Лукашенко инсистираше на тоа дека ќе ги задржи платениците на Вагнер во централна Белорусија.
„Тие бараат да одат на Запад, на патување во Варшава“, се пошегува Александар Лукашенко во разговорот со Владимир Путин и додаде: „Но, секако, ги чувам во централна Белорусија, како што се договоривме“.