ВАГНЕР ЌЕ ЈА НАПАДНЕ ‘АХИЛОВАТА ПЕТА’ НА НАТО !? Откриени детали од тајниот договор на Владимир Путин со Евгениј Пригожин – еве зошто ‘готвачот’ е во Белорусија: “Вака ќе започне Третата светска војна!“

На новите борци на групата Вагнер им било кажано дека потпишувањето на договорот значи согласност за борба на територијата на земјите на НАТО, пишува Daily Mail, а ова го тврди Украинскиот национален центар на отпорот.

Државната воена компанија Вагнер е во процес на префрлање во Белорусија, откако нејзиниот основач и водач, Евгениј Пригожин, стави крај на кратко-трајниот бунт против Министерството за одбрана на Русија минатиот месец. Откако пристигнале во Белорусија, платениците на Вагнер беа сместени во полски кампови и ги обучуваа дел од белоруските сили.

Украина, сепак, тврди дека Вагнер регрутира нови борци во Белорусија во обид да ги зголеми своите редови како подготовка за идна војна, потенцијално на територијата на НАТО.

Новорегрутираните платеници мора да се согласат да учествуваат во непријателства на територијата на соседните земји на Белорусија, особено Полска и Литванија“, наведува Националниот центар на отпорот на Украина.

Напад поврзан со Вагнер на територија на земја на НАТО би бил основа за тој безбедносен сојуз да влезе во вооружен конфликт. Најмалку 5.000 војници на Вагнер се префрлени во Белорусија, каде што треба да ја обучуваат Армијата на претседателот Александар Лукашенко.

Литванија го прогласи Вагнер за терористичка организација, а полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на 18. јули вети дека ќе ја зајакне границата на неговата земја со две дополнителни воени бригади поради присуството на платеничката група.

Границата меѓу Полска и Литванија е наречена „најслабата алка на НАТО“. Коридорот Сувалки е појас долг 100 километри кој има огромно стратешко значење за НАТО и ЕУ, но и за Русија. За Западот, тоа е единствената копнена врска со трите поранешни советски балтички републики, додека за Русија, контролата на коридорот би овозможила копнена врска помеѓу балтичката ексклава Калининград, главната база на Балтичката флота и цврстиот сојузник на Кремљ, Белорусија.

Рускиот резервист генерал-полковник Андреј Картаполов, исто така пратеник и претседател на комисијата за одбрана на рускиот Парламент, на почетокот на овој месец изјави дека силите на Вагнер може да бидат распоредени во тој коридор.

Ако нешто се случи, коридорот Сувалки ни е многу потребен. Ударните сили со седиште во Белорусија се подготвени да го окупираат тој коридор за неколку часа“, тврди Андреј Картаполов.

Евентуалното заземање на коридорот ќе ја погоди ретко населената територија која често се нарекува „Ахилова пета“ на НАТО. Бидејќи тоа би можело да биде првата точка на конфликт во Третата светска војна, коридорот е означен како „најопасното место“ на Земјата. Руски потег со Вагнер поддржан од државата најверојатно ќе ја активира клаузулата 5. на НАТО против Русија.

Полска забрзано се вооружува поради заканата од Русија, а Германија трајно ќе распореди 4.000 војници во Литванија додека НАТО го зајакнува своето присуство во балтичките земји.

Евгениј Пригожин беше виден вчера во Санкт Петербург на рускиот самит со африканските лидери. Евгениј Пригожин (62 г.) се фотографираше покрај човек за кој се верува дека е член на делегацијата на Централноафриканската Република (ЦАР) на самитот на кој голем број африкански лидери се состануваат со рускиот претседател Владимир Путин.

Присуството на Евгениј Пригожин на рускиот самит на африканските лидери и неговата средба со делегатот на ЦАР секако ќе има смисла со оглед на обемниот оперативен опсег на групата Вагнер во голем број африкански земји, меѓу кои се и Либија, Мали, Судан, Мозамбик и Буркина Фасо. Се претпоставува дека Вагнер дејствува и во Нигер, каде што претседателската гарда на земјата организираше државен удар во средата.

Целите на Вагнер варираат во секој регион, но операциите речиси секогаш вклучуваат зајакнување на воените сили на режимите што ги претпочита Кремљ во Африка преку снабдување со оружје и обука и обезбедување дополнителни безбедносни услуги.

За возврат, Русија добива пристап до природни ресурси и можности за инвестирање, односно геополитичко влијание.